Приведен еден од напаѓачите во Барселона, хронологија (ВИДЕА)

© AP Photo / Oriol Duran

Приведен е возачот во комбето коешто во четвртокот попладнето влета во минувачи во туристичката зона на Барселона при што најмалку 13 лица загинаа а бројот на сериозно повредените изнесува 60, од кои десетмина се во критична состојба, пренесуваат шпанските медиуми кои наведуваат дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

dis oukabir

Според медиумите, комбето било изнајмено од лице идентификувано како Дрис Оукабир. Според очевидци, возилото се движело во пешачката зона во областа Лас Рамбла, по што се забило во киоск. Според очевидци, фургонот се движел со брзина од околу 80 километри на час во цик-цак, за да може да покоси што е можно повеќе луѓе.

По инцидентот, возачот побегнал. Според весникот El Pais повикувајќи се на извори од Цивилната гарда добил потврда дека е утврден идентитетот на возачот како Дрис Оукабир (Driss Oukabir) кој го изнајмил возилото од селото Санта Пепетуа де Могода крај Барселона. Тој живеел во општината Рипол, а роден е во Мелила, шпанска енклава во Африка. Според други извор на весникот, тој живеел во јужна Франција.

Другите шпански медиуми повикувајќи се на очевидци наведуваат дека имало двајца осомничени. Според истите извори, полицијата уапсила еден од нив. Исто така, бил пронајден е друг фургон со кој напаѓачите имале план да избегаат. Официјално не е потврдена информацијата за уапсен осомничен за смртоносниот напад кој шпанската полиција го квалификуваше како терористички напад.

Подоцна беше информирано дека уште еден автомобил налетал на три полицајци во областа Диагонал. Непознато е дали овој инцидент е поврзан со оној од центарот на Барселона, но медиумите наведуваат дека не е исклучено дека возачот едноставно загубил контрола над своето возило.

„Засега можеме да потврдиме службено дека едно лице е мртво, а 32 се повредени, од кои некои тешко. Бројот на мртвите најверојатно ќе се зголеми“, изјави за медиуми Хоаки, Форн, советник во министерството за внатрешни работи на покраината Каталонија.

Сепак, шпанските медиуми како и шпанската јавна телевизија RTVE, повикувајќи се на сопствени избори и натаму известуваат за 13 жртви.

Белото комбе во 17,20 часот движејќи се со голема брзина, прегазил повеќе десетици пешаци на авенијата Ла Рамбла, градската артерија секогаш преполна со Туристи.

Полициски извори кои тврдат дека станува збор за организиран терористички напад наведуваат дека еден од вооружените напаѓачи се затворил во блискиот турски ресторан „Luna Estanbul“, а полицијата преговара со него за предавање.

Вториот напаѓач избегал со друго комбе. Според неофицијалните информации, постои можност дека во нападот учествувало и трето лица. Очевидец изјавил дека возачот на фургонот било момче на возраст меѓу 23 и 28 години.

„Во моментов ништо не можеме да потврдиме“, изјавил Форн додавајќи дека потерата по сторителите продолжува.

Улиците во центарот на Барселона се затворени. Каталонските служби за вонредни состојби го повикаа населението да не одат на Плаца Каталуња, една од главните градски плоштади на авенијата Ла Рамбла. Службите, исто така, побарале да бидат затворени сите станици на подземната железница околу споменатиот дел од престолнината на Каталонија, кој е преполн со продавници, локали и ресторани а се наоѓаат дури 50 хотели чиишто капацитети во овој дел од годината се целосно исполнети.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека е во постојан директен контакт со покраинската влада на Каталонија. Истакна дека приоритет во моментов е да им се помогне на повредените и на безбедносните сили. Во меѓувреме тој лично замина за Барселона, а таму отпатувал и министерот за внатрешни работи Хуан Игнасио Соидо.

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.