Приведен гинеколог – барал поткуп за да породи жена со царски рез

Попладнево се приведени лекар и уште еден вработен од Клиниката за гинекологија под сомневање за корупција.

Од МВР велат дека според информациите од пријавата осомничените побарале поткуп за да породат бремена жена од Источна Македонија со царски рез, пишува Канал5.
Според првичните сознанија на сопругот на трудницата му побарале 20.000 денари. Тој пријавил во министерството за здравство од каде на клиниката испратиле претставници од кабинетот на министерот и од државниот здравствен и санитарен инспекторат потврдија од министерството.Откако на лице место разговарале со сопругот повикале полиција.

Од Министерството за здравство велат дека толеранцијата кон корупција во здравството мора да е нула.- Никогаш нема да се согласиме било кој доктор, кој и да е, да уценува пациент да добие здравствена услуга за пари. Нема пониско нешто од уцена за добивање здравствена услуга, и токму затоа вака реагираме и ќе продолжиме и во иднина да реагираме на овој начин.

Од МВР велат дека двајцата осомничени ги привеле попладнево на разговор. Ќе ги сослушаат и оштетените но и евентуалните сведоци од гинекологија. Во која насока ќе се одвива истрагата дали и за што ќе бидат поднесени пријави од МВР повеќе информации најавија за утре.