Приведен крадецот што го „олесни“ трезорот на Тутунска банка

Полицијата привела едно лице во врска со кражбата од трезорот на НЛБ Тутунска банка, информираат од МВР. Вчера околу 19 часот во полициската станица во Кисела Вода бил приведен вработениот Б.С. (40).

Директорот на трезорот на банката пријавил вчера дека вработениот од трезорот украл швајцарски франци и евра во вкупна вредност од околу три милиони евра, ги ставил во ќеса и незабележан излегол од банката.

Случајот се’ уште се истражува и се преземаат мерки за целосно расчистување на кражбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.