Приведен малолетник за тешка кражба

Полицијата уапси 14 годишно момче поради сомневање дека извршил тешка кражба. На малолетникот му е одредена мерка притвор од 30 ден.

Со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот, на 03.10.2014 година во населба Драчево во куќа, извршил кривично дело „тешка кражба во обид“ со што причинил материјална штета од 6.000 денари. Имено, пријавениот малолетник тешката кражба во обид ја извршил на тој начин што на наведената дата со употреба на физичка сила и погоден предмет извадил една од решетките од металната врата со која дополнително била обезбедена балконската врата од кујната каде направил отвор, потоа со подесен алат делувал на крилото од балконската врата и успеал да ја отвори. Преку така отворената врата влегол во куќата со намера да изврши тешка кражба но откако не пронашол ништо вредно што би можел да го украде, без да направи поголемо претурање се откажал од понатамошните намери и по истиот пат од каде што влегол ја напуштил куќата и заминал во непознат правец.

По преземени мерки и активности малолетникот е пронајден и лишен од слобода. Според евиденции на Министерството за внатрешни работи, против 14 годишното лице во текот на 2014 година се поднесени 9 кривични пријави за извршени 14 кривични дела.