Македонија

Приведен нарко дилер во Гостивар

Приведен нарко дилер во Гостивар

Дваесет и шест годишен гостиварец е приведен под сомнение дека бил дел од мрежа на дилери на наркотични дроги.

Од СВР Тетово информираат дека, вчера попладне, во домот на В.З.(26) на улицата „Слободан Пепоски“ бил извршен претрес. Под скалите на влезот од куќата, во најлонско кесе се најдени околу триесетина грама кафена прашакаста материја, неверојатно хашиш и дигитална вага, а во длабнатина на оградата од дворот најдени се околу 40 грама тревлива материја. При претресот на помошните простории била најдена и кеса со остатоци од тревлива материја, за која се препоставува дека е марихуана.

По претресот, В.З. бил приведен и задржан во полициска станица и најверојатно во текот на денот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка со соодветна кривична пријава.