Приведен насилникот од Ѓорче Петров што уби коњ

Приведен насилникот од Ѓорче Петров што уби коњ
Приведен насилникот од Ѓорче Петров што уби коњ

Насилникот кој до смрт имачуваше коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, во моментот е во полициска станица на распит.

Полицијата, вчера на сторителот на овој громозорен чин, му поднела  прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир, за што според член 29 од надлежниот Зконот, казната се движи од 100 до 400 евра.

Се очекува денеска, против него да биде поднесена и кривична пријава за малтретирање и убивање на животно, за што според кривичниот законик, следува каазна до една година затвор.

Јавноста за викендов ја потресоа фотографии од изнемоштен коњ во дворот на ова училиште, кој истиот ден почина, што резултираше со бројни осуди и брање одговорнот од надлежните кои дозволуваат и не санкционираат изживување со животното, кое според очевидци се случувало многу често, а особено што тоа се случува во дворно место на образовна институција.

Според граѓанското здружение „Анима Мунди“, сопственикот на животното имал навика, да купува коњи и да ги изнемоштува до смрт, за потоа со нив да храни кучиња кои ги подготвувал за борби, што пак, претставува кривично дело за кое се одговара по закон.

Оттаму тврдат дека насилникот имал уште еден коњ, кој го чувал, со истата цел, да го измачува до смрт и месото да им го даде на кучињата кои ги подготвувал за борби. По настанот, велат, другиот коњ го сокрил, а се шпекулира дека жвотното е однесено во селото Кучково.

Претходно од здружението реагираа дека, по најава на загрижен граѓанин, тие веднаш дошле на местото каде што бил измачуван  коњот, со соодветен транспорт и ветеринар. Откако коњот добил инфузија, тие побарале од полицијата да го транспортираат на соодветно место, но полицијата не дозволила, туку коњот му го вратила на насилникот, иакао тој немал документ за сопствеништво. По само неколку часа, животното беше убиено.

Вчера пред полициската станица во Ѓорче Петров, граѓани и активисти протестираа со барање насилникот да се казни и да не му се дозволи да го убие и вториот коњ, кој сеуште е кај него.

 

Прочитајте повеќе:

Трагичен епилог- Коњот убиен лежи во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски”! (ФОТО)