Приведен охриѓанец за тешки кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“ и едно дело „кражба“ притоа во пријавата офатена е и К.Д. (18) од с.Велгошти, охридско.

Пријавениот кривичните дела ги извршил во текот на изминатите два месеца при што користејќи подесен алат и физичка сила, тој ги кршел бравите од влезните и балконските врати на становите и куќите во Охрид одземал пари, златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 97.000 денари.
Второпријавената во временскиот период од 13 август до 10 септември оваа година, во својот дом го криела С.А. иако знаела дека избегал од казнено поправната установа во Струга каде бил на издржување казна затвор.