петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 25

Приведен разбојникот кој ограби маркет во Скопје

Во ПС ОН Карпош бил извршен разговор со Ѓ.Ф. при што истиот го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело.

полиција

Последни вести

СВР-Скопје, Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција -Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Карпош и Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ѓ.Ф. (38) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ предвидено и казниво по чл.238 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од 30 дена .

Имено пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист на 10.10.2016 година околу 16,50 часот, влегол во маркетот Наја Цен-ДООЕЛ лоциран на ул.„Исаја Мажовски“, додека вработената била оддалечена од касата, одзел околу 25.000 денари, по што се упатил кон излезот. Истиот бил забележан од страна на вработената која тргнала кон него и вербално му се обратила да го врати тоа што го одзел, меѓутоа Ѓ.Ф. се свртил кон вработената и со цел да ја попречи и ги задржи одземените пари од касата, со лименка од пиво која ја држел во раката, замавнал кон неа, а потоа со трчање го напуштил местото на настанот.

На 11.10.2016 година по претходно добиена судска наредба од страна на полициските службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров бил прегледан видео материјал од безбедносните камери поставени во маркетот по што осомничениот бил пронајден и приведен во ПС ОН Карпош, каде во присуство на Јавен Обвинител било извршено препознавање на лице при што вработената го препознала пријавениот како сторител на кривичното дело.

Во ПС ОН Карпош бил извршен разговор со Ѓ.Ф. при што истиот го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело.

Инаку Ѓ.Ф. е познат сторител на кривични дела против животот и телото како и кривични дела против јавниот ред , за што против истиот СВР Скопје до ОЈО Скопје има доставено 3 кривични пријави и тоа за две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“и едно кривично дело „тешка телесна повреда“ од КЗ на РМ.

Најчитани вести