Приведен Украинец на ГП „Богородица“, возел возило со фалсификуван ВИН број

Украинецот С.В.(50) вчера бил лишен од слобода на граничниот премин „Богородица“, поради сомнение дека возел возило со фалсификуван ВИН број.

Како што информираат од МВР, Украинецот со автомобил „Шкода“ со чешки регистарки ознаки вчера во 17:00 часот се јавил на граничниот премин „Богородица“ на излез од Република Македонија. На возилото била извршена контрола поради сомнение дека е преправан ВИН бројот.

Истото е одземено додека лицето е лишено од слободна и предадено во полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.