Приведен Украинецот кој го покажа задникот во преносот на Евросонгот (ВИДЕО)

Украинската полиција го привела мажот кој во саботата вечер во текот на директниот телевизиски пренос на изборот на песната на Евровизија прекриен со австралиското знаме се качи на сцената ги слече панталоните и го покажа задникот, изјави во неделата министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.

И покрај тоа што безбедносните мерки биле на високо ниво, младиот човек успеал да го избегне обезбедувањето и на сцената се качил додека на ена беше минатогодишната победничка на Евросонгот, Џамала.

Мажот е идентификуван како Виталиј Седјук и е познат украински пранкстер. Неговиот упад на сцената го пренесоа медиумите ширум светот, а пота настанот беше споделуван на социјалните мрежи.

Украинските власти му одредија притвор од 72 часа, Доколку биде осуден а хулигантство, би можел да добие затворска казна во траење до пет години.

„Седјук е украински државјанин. Во текот на настапот на нашата Џамала, според сопствено признание решил уште еднаш да го реализира своето хоби, имајќи предвид дека, како што рекол – ‘неофицијално работи како провокатор“’, напиша на Facebook Аваков, додавајќи дека на Седјук ова не му е прва провокација.

Во 2014 година овој поранешен телевизиски новинар му влепи шлаканица на Бред Пит во Лос Анџелес додека актерот давал автограми, по што му беше одредена кауција од 20.000 долари и му беше забрането следните пет дена да му се приближува на Пит на помалку до 155 метри. На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан своевремено се обидел да се вовлече под фустанот на актерката Америс Ферера додека им позирала на фотографите. Леонардо диКаприо го фатил за препоните на настан во Санта Барбара.

Самиот од Вил Смит добил шлаканица откако му пришол на атерот и му кажал „Јас сум вашиот најголем обожавател“ и се обидел да го бакне на премиерата на неговиот филм „Луѓе во црно –3“ во Москва. Минатата 2016 година на Париската модна недела се обидел да го бакне задникот на американската старлета Ким Кардашјан.