Приведен Владиката Петар

Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и однесен во полицијата во Мелбурн на информативен разговор, објави интернет порталот „Фалнга.мк“.

Двајца детективни од оделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица. „Фаланга“ објави видео како Владиката Петар во придружба на детективите се качува во службено возило.

Засега нема информации поради кои причини е приведен Владиката Петар.

Во МПЦ засега нема никаков коментар и офиицјален став. За веста слушнале од медиумите, но додека не добијат официјална потврда не скаат да даваат какви били коментари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.