Приведената скопјанка тврди дека ја уапсиле без никаква основа

Девојката која завчера објави видео на кое пуши марихуана на улица во Скопје, вчеравечер беше приведена во Градскиот парк, на фестивалот „Конопфест“. По излегувањето од полициска станица, таа се огласи на Фејсбук, пренесува Макфакс.

Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. Ѝ \се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали.

Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк која направила фотографии од легитимирањето на скопјанката со марихуаната. Полицајците и неа ја легитимирале и побарале да ги избрише фотографиите за што новинарката вели дека ќе го извести Здружението на новинари на Македонија.

Иако уредно се претставив дека сум новинар, ме принудија пред нив да ги избришам сликите, а потоа ми го зедоа телефонот за да проверат дали сум избришала сè. Не им значеше ништо тоа што беа од зад грб сликани и немаше по што да бидат препознати. Се понудив да појдам во станица со нив, но не сакаа да чујат за таквa можност. Заминаа заедно се девојкaта“, изјави за „Макфакс“ Kристина Мачкиќ, новинарка на Досие.мк.

Полицајците и’ објасниле дека ја следеле девојката. Утрово ја побарале дома, но не успеале да ја најдат па се обиделе да ја пронајдат на фестивалот „Конопфест“, кој попладнево се одржува на Школка во Градски парк. Фестивалот поддржувачите го опишуваат како бoрба за декриминализација на канабисот во Македонија.

Вчера на социјалната мрежа „Фејсбук“ скопјанка, која се претстави како судски преведувач, објави видео во кое пуши цигара на улица Скопје и опишува дека марихуаната  и` помага да го почне денот.