Приведени 112 мигранти во Грција

Грчките власти денес привеле 112 нмигранти кој со брод стигнале до островот Лезбос и Родос.

Припадниците на крајбрежната стража спасили 32 лица од бродот кој тонел севроисточно од Лезбос. Југоисточно од овој остров спасени се уште 28 мигранти. Исотвремено, од Родос со јахта стигнала група од 52 мигранти,пренесоа медиумите.

Тие се откриени во марината Мандраки, а полицијата привела двајца криумчари кои тврдат дека се државјани од Турциј. Еден од нив успеал да побегне и скокне во море, но набрзо е повторно фатен.

Како што пренела грчката агенција АНА,никој од мигрантите немал документи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.