Приведени 12 албански државјани во гостиварско

На 07.06.2014 година околу 05.00 часот во Гостивар од страна на ОСЛ од ПС Гостивар и ПО Чегране, поради нелегален престој, нелегална работа, непријавен туристички престој, илегален влез и влез при изречена забрана, приведени и задржани се 12 албански државјани.

На истите им е откажан престојот во РМ со забрана од една до пет години за што им се издадени Решенија за протерување од РМ. Преку ГП-Блато истите се депортирани на АПО.