Приведени 14 Гостиварци за бело робје

На 25.10.2014 година, службеници од Полициската станица Гостивар и од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, спровеле заедничка акциска контрола во три угостителски објекти во Гостивар.

Во акцијата, по разни основи, а најмногу поради сомнение за нивна евентуална инволвираност во трговија со луѓе, вкупно биле приведени четиринаесет лица, меѓу кои и двајца странски државјани.