Приведени 14 илегални мигранти

Приведени 14 илегални мигранти. Вчера околу 06.45 часот  од страна на полициски службеници од полициската станица Сопот, од правец на село Речица и село Ваксинце било забележано како од автомобил „Мерцедес“ со скопски ознаки излегуваат група мигранти кои веднаш почнале да бегаат.

Од страна на полициски службеници биле приведени 14 мигранти, кои по извршениот разговор изјавиле дека за одреден паричен надоместок биле превезени со возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и  возилото. Со потврда за предавање на лица, седум мигранти се предадени на ОИМПК за понатамошна постапка, а останатите седум мигранти околу 13,00 часот се однесени и сместени во ТК„Табановце“.