Македонија,Крими хроника

Приведени 16 келнерки, танчарки и пејачки во Боговиње

Приведени 16 келнерки, танчарки и пејачки во Боговиње

Во акциска контрола во угостителскиот објект „КОРАБИ“, лоциран во с.Горно Седларце, општина Боговиње – Тетово    пронајдени се вкупно 16 девојки, кои работат во објектот како танчерки, келнерки и пејачки, од кои три македонски и 13 странски државјанки.

При контрола на документите утврдено е дека шест девојки (пет од Албанија и една од Косово) немаат регулиран престој во Р.Македонија, односно, четири девојки со потекло од Албанија, поседуваат активна забрана за влез во Р.Македонија, додека една албанска и една косовска државјанка, немаат остварено регулиран влез во Р.Македонија.

Поради тоа од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе биде поднесена кривична пријава против управителот на објектот З.Љ. за сторено кривично дело – „криумчарење мигранти“.

Пријавениот делото го сторил на тој начин што иако знаел дека имаат забрана за влез во Р.Македонија, ги прифатил, сместил и работно ги ангажирал како танчерки четири албански државјанки, а исто така прифатил и една албанска и една косовска државјанка кои немаат остварено легален влез во Р.Македонија, со цел стекнување на противправна имотна корист.

Странските државјанки се сместени во Центарот за странци и од страна на Секторот за гранични работи и миграции, на истите ќе им биде поднесена мерка “Забрана за влез во Република Македонија“.