Приведени 16 мигранти во Липково

Полицијата открила 16 мигранти и уапсила локален шител, утрово во Липково, информираше МВР.

Според полицијата, еден час по полноќ на излез од село Лојане, поточно кај местото викано Миратовачки пат, при обид на илегално преминување на дражвната граница полициски службеници забележале и привеле две лица од Авганистан и А.С.(21) од селото.

Подоцна, на место викано Ресуљка, биле пронајдени и приведени уште 14 лица од Пакистан.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.