Приведени Албанки без документи во ресторан во Чегране

Шест државјанки на Република Албанија се приведени доцна синоќа од угостителскиот објект „Нота“ во гостиварското село Чегране.

Како што соопшти полицијата, девојките на возраст од 21 до 33 години немале документи за идентификација, а покрај нив се пронајдени уште две. Наводно биле ангажирани како пеачки и танчерки.

Објектот во Чегране, со решение на Управата за јавни приходи, е затворен на 30 дена, а Полициската станица – Гостивар презема мерки за целосно документирање на случајот.