Приведени албански танчерки во угостителски објект во Желибо

Три албански државјанки се затекнати при акциската контрола на полицијата што изминатата ноќ околу еден часот по полноќ е спроведена во угостителскиот објект „Ерди бос“ во Желино.

Во угостителскиот објект, сопственост на З.С.(34), трите албански државјанки на возраст од 22, 24 и 34 години биле ангажирани како танчерки. Поради злоупотреба на престојот односно престојување спротивно на целта, трите девојки се приведени и задржани во Полициската станица Тетово по што се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка

Паралелно со контролата во Желино, полицијата извршила и контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово при што не биле пронајдени странски државјанки.