среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Приведени братот и сестрата на Чауш

Во рамки на големата полициска акција од утрово приведени се и сестрата и братот на Захир Бекири -Чаушот осомничен за тајната работилница за фалсификување документи, јавува ТВ НОВА.

caus

Поврзани вести

Во рамки на големата полициска акција од утрово приведени се и сестрата и братот на Захир Бекири -Чаушот осомничен за тајната работилница за фалсификување документи, јавува ТВ НОВА.

По наредба на Основниот суд Скопје 1 Скопје, полицијата утринава започна обемна акција за документирање на сомненијата против сите инволвирани во „Фабриката за афери“ на Захир Бекири – Чауш член на СДСМ, кај кого беа откриени 70.000 прислушувани разговори и десетици фалсификувани лични карти, но и лични податоци за стотици илјади граѓани, пишува Прес 24.

Според информациите на Прес 24, со наредба на судот извршени се претреси на 7 локации во Скопје.

На една од локациите е пронајден уште еден хард диск, кој ќе биде предмет на дополнителна проверка за да се утврди дали Захир Бекири Чауш и неговите соработници и на него чувале приватни разговори со намера да уценуваат бизнисмени и личности од јавниот живот. Дискот според извори од истрагата бил пронајден сокриен во душек во еден од домовите на осомничените.

Преса за печатење, цел борбен комплет, оружје без дозвола. Ова е само дел од предметите кои полицијата во серијата претреси кои по наредба на Судот ги изврши утрово ги пронајде во домот на Чауш и неговите соработници.

Захир Бекири Чауш е прво осомничен во фабриката за афери на СДСМ. Тој се сомничи дека е одговрен за фабрикувањето на аферите со „фалсификуваните пасоши“ и „фалсификуваните лични карти“. Според истрагата, тој печател документи и потоа им ги предавал на медиумите блиски до опозицијата за да можат тие подоцна да фабрикуваат афери со кои ќе влијаат на јавноста и ќе работат за намалување на рејтингот на владејачката партија.

Захир Бекири Чауш важи за истакнат член на СДСМ. Тоа не го сокри ниту лидерот на СДСМ Зоран Заев но откако излезе слика од нив двајцата во кабинетот на Бихаќка.

Најчитани вести