Приведени четворица малолетници кои тепаа врсник во 64-ка

Полицијата приведе четворица малолетници од скопско Никиштани поради основано сомнение дека нападнале врсник во автобус.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи 15-годишниот А.М. и 16-годишните А.Б. Ф.И. и Б.М.  сите од село Никиштани нападаа врсник во автобусот на ЈСП.

Инциденот се случил на 19-ти овој месец околу  14,20 часот, во автобус на ЈСП бр. 64, кој се движи на релација Транспортен центар – с. Никиштани.

Малолетните насилници нападнале 17-годишно момче кое седело на првиот кат од автобусот.

Без никаков повод и причина физички го нападнале и грубо го малтретирале момчето  со што предизвикале чувство на  страв и несигурност кај другите патници.

Во полиција, во присуство на родителите тие го признале дело, а негирал само А.Б.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.