Приведени двајца малолетници од Конче кои ограбувале цркви и манастири

Полицијата осомничи двајца малолетници од село Лубница, општина Конче, за шест кражби во цркви и манасири на подрачјето во Радовиш и една кражба на моторно возило.

Имено пријавените кражбите ги вршеле ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти април 2015 година, со употреба на погоден предмет-хебла насилно ги отварале влезните врати од црквите и манастирите на подрачјето на с.Дедино, с.Горно Ињево и с.Ракитец при што одземале пари и други предмети.

По извршувањето на кривичните дела искористувајќи згодна прилика одзеле патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ ставајќи го во погон, кое подоцна откако заглавило го оставиле, а патот до с.Лубница го продолжиле пеш.

Од извршените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 209.450 денари.