Приведени двајца рибари од Охрид

Во близина на Лагадин на 10.07.2014 година околу 05:00 часот, двајца охриѓани биле затекнати како ловат риби.

При вршење патролна служба во водите на Охридското Езеро, полицаец во близина на Лагадин, ги  затекнал се З.В.(52) и С.Р.(32) двајцата од село Пештани, во чамец како ловат рибa.

Со потврда за привремено одземени предмети, уловот бил одземен, а лицата се приведени.

Се работи на целосно документирање на случајот.