Приведени двајца скопски дилери на дрога

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М. (37) и Р.Ш.(55), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ за што им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

По претходно добиени сознанија дека пријавеното лице А.М. е инволвиран во нелегална трговија со наркотични дроги на подрачје на Велес, од страна на полициски службеници од СВР Велес превземени се мерки и активности  при што на ден 07.05.2015 година околу 19,15 часот на излезот од Велес во возило првопријавениот извршил нелегална продажба на наркотична дрога хероин, по што откако ги приметил полициските службеници, наркотичната дрога првопријавениот ја фрлил од прозорот од возилото по што се дал во бегство.

За да ја изврши нелегалната продажба на наркотична дрога, во Велес првопријавениот А.М. пристигнал со друго возило кое го управувал второпријавениот Р.Ш.

По превземени мерки и активности од страна полициските службеници лицата се лишени од слобода во ПС Велес, а на лице место е пронајдено е најлонско пакување со непозната прашкаста материја, за која по извршеното вештачење е утврдено дека се работи за 263 гр. наркотична дрога хероин.Против второпријавениот Р.Ш. и претходно се поднесени кривични пријави за сомнение за сторени кр.дела од областа на имотните деликти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.