Приведени двајца странски државјани на Долно Блаце

На граничниот премин Долно Блаце вчера се приведени две лица.

Во 10.45 часот, за влез во Македонија се пријавил Р.Л.(32) од Косово, со автомобил марка „мерцедес“. По извршената пасошка контрола, поради сомнение дека возилото е фалсификувано лицето е приведено и предадено во полициска станица во Чаир за понатамошна постапка.

Истиот ден во 14.50 часот на граничниот премин на влез во Македонија се пријавил и И.Ј.(63) од Косово со автомобил „венто“. По извршената пасошка контрола, поради сомнение дека возилото е фалсификувано, лицето е приведено и предадено на полициската станица во Чаир.