Приведени двајца тетовци барани за издржување затворска казна

Тетовската полиција во текот на вчерашниот ден привела две лица кои се барале за издржување на затворски казни, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во првиот случај вчера претпладне со соодветна судска наредба бил приведен Р.М.(58) од Тетово кој бил осуден на шест иполгодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Подоцна исто така во Тетово бил приведен и И.И.(49) од Џепчиште кој се барал за издржување на казна затвор во траење од 6 години и 3 месеци за сторени кривични дела: „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Двајцата приведени по кусото задржување во СВР Тетово биле предадени во КПУ „Идризово“ во Скопје рече Јосифовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.