Приведени илегални работнички од Србија во Гостивар

Во угостителски објект во Гостивар биле затекнати шест српски дравјанки кои нелегално работеле таму.

Минатата ноќ, во времето од 00,30 до 01,10 часот во Гостивар полициските службеници од гостиварската полиција извршиле контрола во угостителскиот објект „Виена“.

При контрола на лица странски државјани кои нелегално работат биле приведени шест странски државјанки од Република Србија.

Лицата се задржани во Полициската Станица во Гостивар за понатамошна постапка.