Приведени лихвари од Штип и Виница

Приведен лихвар од Штип и неговте соработници од Виница.

Полицијата во Виница поднесе кривична пријава против 38-годишниот Штип Г.Т. кој сторил пет кривични дела „лихварство“. Пријави добиле и неговите соработниците, 64-годишниот  О. Т. од Виница за „соизвршителство“, Н. Г. (42) и А. Н. (52), двете од Виница за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи Г.Т. и О.Т. во периодот од 03.10.2008 до 30.01.2013 година, на пет лица од Виница и Кочани им позајмиле 57.450 евра за што склучиле  договори, во кои била предвидена несразмерна месечната камата и се стекнале со имотна корист од 113.906 евра.

Н.Г. и А.Н. искористувајќи ја својата службена положба,  а спротивно на банкарското и благајничко работење по барање на О.Т. на 30 и 31.01.2012 година во филијалата на „Стопанска Банка“ во Виница, каде и двете се вработени, без присуство на З.Л (46),  на нејзино име отворилe и активиралe трансакциона сметка на која О.Т. во два наврати уплатил вкупно 762.600 денари, колку што бил договорениот заем со камата за шест месеци со нејзиниот сопруг/

Исто така А.Н. спротивно на одредбите на Упатството за благајничко работење без присуство на носителот на трансакционата сметка и овластено лице од негова страна и негово задолжително евидентирање на 30 и 31.01.2012 година на О.Т. му го исплатила наведениот износ, од кој тој пак на З.Л.на рака и го исплатил договорениот заем од 615.000 денари, а каматата од 147.600 денари ја задржал за себе иако истата била наведена во договорот за заем како основица на заемот, на кој начин се прикрива на кој начин позајмиците ги дава со висока камата стекнувајќи се притоа  со несразмерна имотна корист.