Приведени неколкумина вработени во катастарската управа

Попладнево, три лица вработени во катастарската управа се приведени поради сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластувањата.

Акцијата, според информации на Прес 24 ја реализира финасиската полиција, откако случајот бил детектиран и пријавен од внатрешната контрола на катастарот.

Веднаш по пријавувањето, финансиската полиција отпочнала со преземање на мерки и дејствија за документирање на незаконското работење.

Според првичните неофицијални информации, вработените за себе незаконски присвојувале пари кои граѓаните требале да ги уплаќаат на катастарот.

-Извори од истрагата единствено ни потврдија дека акцијата е во тек и дека нема да соопштуваат детали се до нејзиното завршување, пишува Прес 24.