Приведени шест млади арамии, шест месеци краделе низ Кичево

Млади арамии, кои подолг период краделе низ Кичево конечно паднаа во рацете на полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни информации, кичевската полиција поднесе кривична пријава против  А.Е.(19), Ф.М.(20), И.Ј.(20), Е.Б.(37), М.К.(20) и Г.К.(26) за сторени 11 тешки кражби.

Серијата тешки кражби ги извршиле во периодот од август 2013 година до февруари 2014 година, користејќи подесни предмети ги оштетувале бравите и ги отварале влезните врати од куќи чии сопственици се наоѓале на привремена работа во странство.

Пријавените се лица познати извршители на вакви дела против кои и досега биле поднесувани кривични пријави за што двајца од нив биле и затворски осудувани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.