Македонија,Крими хроника

Приведени танчерки и пејачки во гостиварско

Приведени танчерки и пејачки во гостиварско

Во рамки на акцијата која вчера беше спроведена во угостителскиот објект „Нота“  во село Чегране, гостиварско биле затекнати и приведени странски државјанки.

Како што соопштуваат од МВР, во објектот, сопственост на  А.Ш.(46) од истото село, затекнати и приведени се пет албански и една бугарска државјанка на возраст од 19 до 34 години.

Странските државјанки кои го злоупотребиле туристичкиот престој и нелегално работеле како пејачки и танчерки, задржани се во ПС Гостивар, утврден е нивниот идентитет и предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и  реадмисија за натамошна постапка.