Крими хроника

Приведени три Албанки во угостителски објект на автопатот Тетово-Гостивар

Приведени три Албанки во угостителски објект на автопатот  Тетово-Гостивар

Доцна синоќа околу 01:30 часот, била спроведена полициска акциска контрола во угостителскиот објект „Алпа Маре“, лоциран покрај автопатот Тетово-Гостивар сопственост на  45-годишниот Ф.Т. од Неготино-Полошко.

Во објектот биле затекнати три странски државјанки од Албанија на возраст од 22, 23 и 30 години, кои нелегално работеле како пејачки. Истите во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Гостивар.