Приведени три лица да си ги одлежат затворските казни

Скопската полиција приведе три лица кои се барани за издржување на затворски казни.

Според Министерството за внатрешни работи, вчера се приведени тројца мажи кои се осудени на затворски казни поради измама, круимчарење мигранти и загрозување на безбедноста на сообраќајот.

Полицијата го лиши од слобода 48-годишниот Кирил С. Од Скопје кој се барал по потерница од 12.12.2013 година за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело „измама”. Истиот е спроведен во Затвор – Скопје.

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода 37-годишниот Демир М. од Виница,  кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и два месеци, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти”. Тој  е спроведен во Затвор – Идризово.

Вчера од слобода е лишен и 47-годишниот  Дафчо Р. од Скопје,  кој се барал за издржување затворска казна во траење од сто дена, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот”. Истиот е спроведен во Затвор – Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.