Приведени тројца државјани на Албанија

 Во село Франгово, вчера 5:30 часот, поради непријавен престој во Македонија, приведен е Б.Е.(21) од Албанија, а поради прекршување на судска пресуда изречена мерка „Забрана за влез во РМ“, приведен е Б.Ј.(21) исто од Албанија.

По обавениот разговор лицата се предадени на инспектор за странци за понатамошна постапка.

Денеска, во два часот по полноќ во село Челопек-Тетово, поради нерегулиран престој во Македонија, приведен е А.М.(45) од Албанија.

Истиот е задржан во СВР-Тетово за понатамошна постапка.