Македонија,Крими хроника

Приведени тројца навивачи на „Комити“

Приведени тројца навивачи на „Комити“

Тројца навивачи од навиваката група Комити се пиведени и ќе добијат пријава поради носеле знамиња со навредлива и националистичка содржина кои биле користени на натпреварот меѓу ракометарските екипи на „Вардар“ и „Борац – Бања Лука“ од БиХ.

На натпреварот имало присуство на публика од околу 800-1000 гледачи,од кои 200 од навивачката група „Комити’’,а околу 50 од гостинската навивачка група„Лешинари’’.Во првото полувреме во двесетата минута од натпреварот,од страна на навивачката група „Комити’’ биле скандирани пароли со навредлива и националистичка содржина.Пред крајот на второто полувреме приведени се 3 лица кои во возило „Форд Фокус’’ носеле знамиња со навредлива содржина, кои биле користени и истакнати за време на натпреварот, по што со Потврда за привремено одземени предмети се одземени, а против истите ќе бидат поднесени соодветно пријави.