Голема акција во Управата за животна средина – Приведени тројца вработени

Министерството за внатрешни работи отпочна акција поради сомненија за криминал, односно незаконско работење во Министерството за животна средина. Во Управата и инспекторатот за животна средина се приведени две лица и уште едно надвор од работното место.

Поголем број лица, сопственици или управители на компании се осомничени како соучесници и ќе бидат повикани на разговор.

Сомненијата се во насока на злоупотреба на службената положба и поткуп при издавање дозволи за увоз.

Повеќе детали утре.