Приведено едно лице од пред фабриката која гореше

Заради непочитување наредба на службено лице, полицијата вчера приведе едно лице од пред фабриката Виго 48 која вчера попладне беше зафатена од голем пожар,јавува Тера.

Како што за Тера Телевизија изјави портпаролот на СВР Битола по разговорот во полициската станица исото било пуштено. Според полицијата, лицето не ја почитувало наредбата на полицијата да не влегува во објектот кој бил во пламен и каде интервенираше противпожарната единица.

Денеска во 11 часот на прес конференција во пожарната во Битола ќе бидат соопштени повеќе информации за вчерашната нивна интеревнција и за забелешките дека пожарникарите задоцниле на терен, рече за Тера Телевизија Костадин Поповски командир на противпожарната единица на Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.