Приведено едно лице за кое се верува дека е убиецот на Мис Хондурас

Мис Хондурас и нејзината сестра кои беа пронајдени мртви беа погребани, а истиот ден  се покренати обвиненија против момчето на сестрата за кого полицијата верува дека е убиецот.

Деветнаесет годишната Мариа Хосе Алварадо и нејзината 23-годишна сестра Софија за последен пат биле видени како си заминуваат од забава со возило без регистерски таблички.

Полицијата објави дека нивните тела биле пронајдени во близина на река во планинскиот предел Санта Барбара во западниот дел од државата.

Се смета дека момчето на Софија Плутарко Руиз ги застрелал во наплив на љубомора откако ја видел девојката како танцува со некој друг.

Убиството ги шокираше граѓаните на Хондурас, земја во која има највисока стапка на убиства во светот со 90, 4 убиства на 100 000 жители, што е речиси двојно од другите соседни земји кои имаат висока стапка на криминал како што се Венецуела и Ел Салвадор.