Македонија

Привремен сообраќаен режим на булеварот „Трета македонска бригада“

Привремен сообраќаен режим на булеварот „Трета македонска бригада“

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Трета македонска бригада ќе биде воведен во недела поради изведба на попречни прекопи.

Сообраќајниот режим ќе биде во времетраење од 8 до 18 часот и тоа на потегот од крстосницата со улицата Пролет до крстосницата со учицата Никола Карев.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.