Македонија

Привремен сообраќаен режим oд Неготино до Демир Капија

Привремен сообраќаен режим oд Неготино до Демир Капија
Поради градежни активности на автопатот А1 на Коридорот 10, од денеска ќе биде воспоставен привремен сообраќаен режим од клучката Неготино до клучката Демир Капија, соопшти ЈП Македонија пат.

Сообраќајот ќе се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

За подетални информации сите заинтересирани можат да се јават на дежурниот телефон на ЈП Македонија пат 02 25 61 502 или да ја посетат веб страницата www.makedonijapat.coм.мк .