Македонија

Привремен сообраќаен режим на булеварот „Србија“

Привремен сообраќаен режим на булеварот „Србија“

Поради непредвидени работи при поставување на атмосферската канализација на крстосницата на булеварот „Србија“ со булеварот „Трета македонска бригада“ десната коловозна лента од булеварот Србија (во насока од булеварот „Борис Трајковски“ кон булеварот „Трета македонска бригада“) ќе биде затворена за сообраќај во делот кај раскрсницата.

Привремениот сообраќаен режим на оваа делница ќе важи од денеска (10.03.2014 година) до сабота (15.03.2014 година).

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.