Привремен сообраќаен режим на мостот кај Транспортниот центар

Привремен сообраќаен режим денеска од 8 до 15 часот ќе се воведе на мостот кај Транспортниот центар, поради санирање на дилатационата фуга и оштетувањата во асфалтот на мостот.

Град Скопје информира дека на двете десни сообраќајни ленти од мостот, гледано во насока од Сајмиште кон Аеродром, на кои ќе се изведуваат градежните работи, ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.