Македонија

Привремен сообраќаен режим на Трета Македонска бригада

Привремен сообраќаен режим на Трета Македонска бригада

Град Скопје информира дека во недела, 25.05.2014 година, поради извршување на градежни работи е воведен привремен сообраќаен режим на булеварот Трета Македонска бригада.

Од Градот додаваат дека на булеварот ќе се вршат прекопи за поставување на подземни инсталации. Кај крстосницата на булеварот со улицата Фрањо Клуз, сообраќајот ќе се одвива на една колозвона лента за што ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Времениот сообраќаен режим ќе важи за периодот од 7:30 до 18:30 часот.

Од Градот Скопје апелираат да се почитува забраната за движење на овој булевар за да се овозможи непрекинато извршување на градежните работи.