Привремен сообраќаен режим на улицата Перо Наков

Во недела, 27.07. , во периодот од 08.00 до 15.00 часот екипи на општината Гази Баба ќе изведуваат градежни активности – реконструкција на железничкиот премин на улицата Перо Наков, соопштија од Градот Скопје.

Поради извршувањето на овие активности, на оваа делница сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено поставениот режим.

Автобусите на автобуската линија со број 23 ќе бидат пренасочени, и тоа од Маџари кон Центар ќе сообраќаат по улицата Благоја Стефковски, булеварот Александар Македонски и булеварот Киро Глигоров и обратно по истата траса, при што ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот режим на сообраќај.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.