Привремен сообраќајен режим во недела во Скопје

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во нделе од 07:30 до 19 часот ќе се изведува прекоп на постојните две коловозни ленти од булеварот Трета македонска бригада, заради поставување подземни инсталации.

Поради тоа, целокупниот сообраќај на потегот од објектот на „Американ колеџ“ до објектот на „Карпет макс“, во должина од 300 метри на оваа улица, ќе биде пренасочен по новите две сообраќајни ленти што се покриени со тампон.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на возење на условите на патот.