понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 10

Привремена евакуација на аеродромот во Лос Анџелес поради апсење

Терминалот на аеродромот во Лос Анџелес привремено е евакуиран, а 18 летови се одложени поради апсење, што доведе до загрозување на безбедноста.

apsenje

Поврзани вести

Терминалот на аеродромот во Лос Анџелес привремено е евакуиран, а 18 летови се одложени поради апсење, што доведе до загрозување на безбедноста.

– Некои патници се евакуирани во безбедните делови на аеродромот без премин низ детекторите за метал, додека полицијата пред терминалот апсеше возач на украден автомобил, изјави полицаецот кој е на задача на аеродромот Роб Педригон.

– Полицијата брзо ги врати патниците на терминалот од кој беа евакуирани поради безбедносни причини, додаде тој.

Потоа следеше пребарување со кучиња обучени за пронаоѓање бомби, а дури две илјади патници мораа повторно да минат низ скенерите и детекторите за метал, соопштија аеродромските власти.

Инцидентот завршил со одложување на летови и апсење на 35-годишниот Лари Мек Кени поради кражба на автомобил и поседување дрога.

Најчитани вести