Македонија

Привремена евакуација во Стајковци

Привремена евакуација во Стајковци

Започна да се врши привремена евакуација во скопското село Стајковци.

Надлежните апелираат жителите на поплавеното подрачје да се сместат на друга локација додека трае мерката за дезинфекција на нивните домови, јавува ТВ Нова.

Од инситуциите порачуваат жителите на Стајковци да се сместат во домовите на свои роднини и пријатели, а доколку немаат каде да се обратат кај службениците од Министерството за труд и социјална политика кои се наоѓаат на терен.