Привремено примирје во Нагорно Карабах

Привремен прекин на огнот е постигнат меѓу Азербејџан и епаратитите од Нагорно Карабах, поддржани од Ерменија.

Прекинот на огнот е во траење на пет часа, период во кој спротиставените страни ќе можат да ги побараат телaта на убиените војници. Примирјето ќе биде од 15 до 20 часот по локално време.

Претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Меѓународниот комитет на Црвениот крст учествуваа во постигнувањето на договорот.

Претставник на Министерството за одбрана на Ерменија на социјалните мрежи објави имиња и слики на 44 сепаратисти, кои загинале во судирите од 2. април до денеска.