Привршува изградбата на секундарна фекална канализација во дел од Ченто

Привршува изградбата на секундарна фекална канализација во дел од Ченто
Привршува изградбата на секундарна фекална канализација во дел од Ченто

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, денеска ја посети локацијата каде што се одвиваат градежните работи на секундарната фекална канализациска мрежа на улиците 37 и 22 во населбата Методија Андонов – Ченто во општина Гази Баба.

Согласно договорот, должината на секундарната канализациона мрежа изнесува околу 500 метри, а градежните работи се во завршна фаза.

Проектот е финансиран преку Програмата за инвестирање во животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2015 година. За овој зафат Министерството финасираше околу 2 милиона денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.